петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Вработен во канцеларија на Министерство за одбрана во Пробиштип делел шамари на колеги!

На 14.05.2018 година во 16.50 часот во ПС ОН Пробиштип З.А.(54) од Пробиштип пријавил дека околу 14.50 часот во работната просторија во одделението за одбрана при МО -Пробиштип влегол М.И.(45) од Пробиштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана во која канцеларија се потпишувал дека се има јавено на работа.

Во тој момент М.И. почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени , упатувајки и пцовки, а потоа се упатил кон Г.А.(46) од с.Злетово и му удрил еден шамар и понатаму продолжувајки со закани кон останатите присутни.

М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати. Лицето е повикано во Полициска станица, во моментов се врши разговор со него. Се работи на целосно комплетирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top