петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Приведен синот на Синан Сакиќ: Направил хаос во клиниката каде лежи татко му, морале да го врзат за радијатор (фото)

Српскиот фолк пејач, Синан Сакиќ во моментов се наоѓа на интерното одделение во клиничкиот центар во Белград каде чека трансплантација на јетра, а денеска неговите синови дошле да го посетат. Меѓутоа се случил голем инциден по кој бил приведен едниот син на Синан, Ернест.

Синовите сакале да го однесат својот татко на снимање во друга установа, но лекарите тоа не им го дозволиле бидејќи пејачот е во лоша состојба. Потоа избил инидентот во кој Ернест збеснал, по обезбедувањето во клиниката морало да интервенира и да повика полиција.

– Горе го врзаа за радијатор, а потоа полициајта го проведе заради попречување на службено лице при вршење должност, изјавил братот на Ернест, Ален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top