петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 47 ново

Снег падна над Макарска

Над Макарска синоќа падна снег. По жешкото време, кое владееше низ цела Хрватска во последните неколку седмици, температурите нагло паднаа, а во Макарска падна снег.

Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.

Во попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад за околу 15 степени во споредба со минатата недела.

Падот на температурите беше придружен со дожд и грмотевици, а вечерта во средината на Јадранско Море имаше „водено торнадо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top