недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 54 ново

Кај Рамиз Мерко не се пуши само за рамазански пости

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко со документ по повод рамазанските пости им забрани на вработените во општината да носат храна, пијалоци, но и пушење цигари во канцелариите. Оттука се поставува прашањето дали претходно не се почитувал законот за забрана за пушење во затворени простории во кој се вклучени и канцелариите, па градоначалникот во својата наредба морал да потенцира и дека не смее да се пуши.

Инаку во март годинава со 41 глас „за“, Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка. Со измените е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории. Остана целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите нетреба да биде загрозено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top