недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше

Тетовката Нина Костовска, која стана позната од видеото „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“ вчера дипломираше на Државниот универзитет во Тетово на катедрата за македонски јазик и книжевност. Таа е првото лице со Даунов синдром во Македонија кое завршило високо образование. АлександарМатовски Цако, исто така лице со Даунов синдром е студент на Педагошкиот факултет во Скопје, на групата предучилишно воспитание.

Костовска со деветка ја одбрани дипломската тема, во која детално ја обработува книгата од детската книжевност „Белото Циганче“ од Видое Подгорец.

Родителите на Нина  се надеваат дека таа ќе може да најде работа во некоја од институциите и ќе работи, а не само да се вработи и да зема плата.

Битолчанецот Коста Ќука, исто така е лице со Даунов синдром, неколку години е вработен во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола. Ќука пред три години прв­пат во жи­во тот до­би вра­бо­ту­ва­ње пре­ку ог­ла­сот на Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње ли­ца од со­ци­јал­но ран­ли­ви ка­те­го­рии.

Костовска и Ќука се активни членови на Центарот за Даунов синдром.

На 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром министерот за здрравство Венко Филипче нагласи дека овие лица заслужуваат да бидат дел од институциите и да бидат вработени и со тоа да станат активни чинители во општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top