петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 47 ново

Дуелот на Заев и Мицкоски може да биде на било која национална телевизија, треба да се прецизираат времето и местото

Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по вчерашното барање од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ТВ дуел со премиерот.

– Основен принцип на работата на премиерот Заев е отвореноста и така функционира и Владата. Наназад со години бараме дуел, секогаш сме биле подготвени, комуницираме двонасочно и како Влада секогаш сме отворени за дуели, дебати, новинарски прашања на прес-конференции, рече денеска Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top