понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 70 ново

Промоција на прирачник „И јас сакам да бидам балерина“: Танцувањето лицата со Даунов синдром може да ги направи дисциплинирани и креативни танчери

Во соработка со Факултетот за музичка уметност (ФМУ) при УКИМ, катедра за балетска педагогија – современ танц и вонреден професор д-р. Искра Шукарова, Центарот за Даунов синдром организира промоција на Прирачникот кој го подготвивме како дел од проектот „И јас сакам да бидам балерина”, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Оваа соработка е исто дел од проектот „Номад ту Номад“ на „Номад Денс академиjата на Македонија“.

– Тимот кој работеше на овој проект верува дека децата со Даунов синдром имаат потенцијал и желба за танцување и јавни настапи, како и дека правилниот пристап и методологија може од нив да направи дисциплинирани, посветени и креативни танчери, па преку оваа публикација се надеваме да започнеме дебата и практика на инклузија во сите училишта по танц низ државата. Целта е да имаме педагози кои ќе го прифатат предизвикот без предрасуди и да им понудиме некое почетно знаење за тоа како треба да се работи со овие дечиња, каде има, а каде нема разлика од она што тие го прават со типичната популација – вели Ида Мантон, претседателка на Центарот за Даунов синдром.

Настанот е отворен за сите кои сакаат да чујат повеќе за прирачникот за нашите искуства, за предлозите како понатаму да ги вклучуваме овие деца во редовните програми, репертоари и концертни настани низ државата.

На промоцијата присутните ќе добијат бесплатен примерок од прирачникот и најновиот број на списанието „Даунов синдром 21+“, а ќе може да ја купат и сликовницата „Девојчето на ридот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top