понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Го запознала на социјалните мрежи – наместо пријатна средба, се обидел да ја силува

Дваесет и седумгодишната С.Ш. од Велес, вчера наместо за прв пат да го сретне и да го помине денот во дружба со прилепчанецот Е.Ш. (31), доживеала голема траума, информираа од полицијата.

Имено, девојката на социјалните мрежи го запознала момчето од Прилеп, и по извесно време минато во комуникација на интернет, решиле да се сретнат во Велес. Но, наместо очекуваната пријатна средба, девојката станала жртва на обид за силување и со телесни повреди завршила во болница. Кога пристигнал прилепчанецот во Велес, тие двајца со неговото возило отишле на костурницата во Велес, каде што тој ја присилувал на сексуален однос. Откако го одбила, прилепчанецот почнал да ја удира по целото тело при што и нанел телесни повреди. Од ударите девојката паднала во безсознание, а Е.Ш. ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во Јавната здравствена установа – Општа болница Велес каде и биле констатирани телесни повреди и била задржана на лекување.

СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top