среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Фејсбук избриша 29 милиони постови кои промовираат говор на омраза, расизам и насилство

Фејсбук објави дека избришач или издал предупредување за околу 29 милиони постови објавени во првите три месеци годинава, а кои промовираат говор на омраза, насилство, теророзам и расизам.

Ова е првоат компанијата да објави бројки и да изнесе детали од примената на своите правила. Следствено на тоа, Фејсбук развива алатки за вештачка интелигенциија и на тој начин да ја подобри работата на 15 илјади „човечки“ модератори.

Меѓутоа, објавениот извештај укажува на тоа дека тој софтвер уште се бори со утврдување и откривање на точниот број злоупотреби. Како пример е наведено дека алгоритмите идентификувале само 38 отсто пораци кои промовираат говор на омраза за наведениот период. Тоа значи дека 62 отсто од нив биле решени благодарејќи на пријавите на корисниците.

Од друга страна Фејсбук објави дека наведените алати забележиле 99,5 отсто објави кои поддржуваат и ја воздигнуваат Ал Каеда, а само 0,5 отсто била активност на јавноста.

Бројките укажуваат на тоа дека корисниците на Фејсбук искусиле и графичко насилство и дека тој број од јануари до март е зголемен во однос на претходните три месеци. Така, од јануари до март годинава 3,4 милиони корисници промовирале графичко насилство, а од октомври до декември минатата година тој број изнесувал 1,2 милиони корисници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top