петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство

Стотина филмски критичари ја напуштија слата во Кан, каде што беше проекцијата на филмот „The House That Jack Built” на режисерот Ларс фон Трир. Сцените на насилство во филмот биле толку сурови и сликовите што публиката на можела да издржи.

Главините улоги во филмот ги толкуваат Мет Дилон, Ума Турман.

Данскиот режисер Фон Трир изјави дека ова е неговиот најнасилен филм, а тоа го потврдија и стотина луѓе кои ја напуштија премиерата.

Филмот го следи животот на Џек, сериски убиец кој убил повеќе од 60 луѓе. Со времето смислува се поболни методи за одземање на животот на своите жртви, а меѓу сцените кои ги згрозиле гледачите се бројни убиства и сакатење на деца.

Публиката масовно почнала да изгледува по сцената во која Џек нишани две деца и им ги разнесува главите, но салата почнала повеќе да се празни откако Џек на една жена и ја отсекува дојката.

Критичарите кои ја напуштија проекцијата на филмот пред крајот, ги изнесоа своите ставови на Твитер.

– Си заминав од премиерата на филмот на Ларс фон Трир. Тоа е ужасен филм кој не требал да биде направен – напиша критичарот Роџер Фридман.

Според други, филмот на данскиот режисер е одврратен, претенциозен и предизвикува повраќање.

Критичарот на магазинот „Варајати“ го изледал филмот до крај и го опишал како едно од најнепријатните доживувања во својот живот.

Оние кои останале до крајот на филмот станале и аплаудирале шест минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top