среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Јане снима спот за УЕФА со Фиго додека го чека лекот за неговата ретка болест (фото)

Деветгодишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија денеска во Лион играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал. Тој во Лион замина по покана на УЕФА, поради снимање на видео спот за кампањата „Еднакви на терен“. Ј

„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“, а Јане е еден од лицата на кампањата.

-Јане е поканет да го гледа и финалето во Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, што ќе се игра во Лион – вели Деница Велковска мајката на Јанеза СДК.

Јане од своето раѓање боледува од спинална мускулна атрофија тип 2 и е врзан за инвалидска количка. Деветгодишното момче уште чека државата да му го обезбеди лекот за неговата ретка болест „спинраза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top