недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Збогум Алаѓозовски…

Движењето БЕСА ќе биде дел од парламентарното мнозинство и извршната власт, одлучи вечерва Централното собрание и Централното претседателство на партијата, која во Владата ќе раководи со Министерството за култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително.

– Уште не сме решени за конкретно име, но многу е значајно кој ќе не претставува достоинствено, сакаме да покажаме дека нашите кадри се многу квалитетни и тоа ќе биде на некој начин идентитет на Движењето БЕСА во Владата на РМ, рече лидерот на Движењето БЕСА Африм Гаши.

Нашето учество во Владата, додаде тој, е повеќе стратешко отколку процентуално, а ние сме убедени дека БЕСА има идеја, визија и проекти кои можат да помогнат во унапредување на културниот живот во земјата.

Тоа значи дека актуелниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски заминува од оваа позиција. Тој е првата жртва на за комотното парламентарно мнозинство на премиерот Зоран Заев…

Заев жртвува министри за „комотно“ парламентарно мнозинство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top