недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Кумуцакос: Предуслов за решавање на спорот за името е промена на македонскиот Устав

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос истакна дека предуслов за решавање на спорот за името е промената на македонскиот устав, пренесува грчкиот портал Ифимерида.

“Неопходен предуслов и фундаментална гаранција за дефинитивно решавање на прашањето за името со Скопје е промена на нивниот устав” , вели тој.

Според Кумуцакос неопходно е промената на македонскиот Устав да се случи пред ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

“Промена која не само што ќе се предвиди, туку ќе биде направена пред ратификацијата на кој било договор”, рече пратеникот на опозициската Нова Демократија.

Кумуцакос е дел од грчкиот парламент и во својата партија е задолжен за надворешна политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top