петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 48 ново

Секс сцена со Хари и Меган го збуни кралското семејство (видео)

Откако излезе најавното видео од 20 секунди за филмот, најголемите обожаватели на кралското семејство со нетрпение ја очекуваат премиерата на филмот „Хари и Меган: Кралска љубовна приказна“ (Harry & Meghan: The Royal Love Story).

Недела дена пред големата кралска венчавка, филмот конечно беше обелоденет и завладеа со социјалните мрежи. Дознавме сè што треба да знаеме за најголемата љубовна приказна оваа година и за тоа како изгледа трансформацијата на обична девојка во принцеза.

Во најавното видео од 20 секунди, не го гледаме само запросувањето на принцот Хари и романтичните патувања на познатиот пар, туку има и сцена во која Хари и Меган си разменуваат нежности во кревет.

Вториот, малку подолг трејлер го покажува нивниот прв состанок и разговорот помеѓу Хари и Кејт Мидлтон за неговата нова врска, а целата приказна се однесува на нивното запознавање, склопување пријателства, криење на љубовта и на крајот, на големото медиумско внимание поради нивната врска.

Филмот исто така навлегува во детали околу потеклото на Меган, но и околу бурното минато на Хари и претставува одличен вовед за венчавката на годината.

Париза Фиц-Хенли, која ја игра улогата на Маркл во филмот, на социјалните мрежи истакнала дека се надева дека филмот ќе им се допадне на сите, исто како што и се допаднал и нејзе. Таа исто така го пофалила својот партнер кој во филмот го игра ликот на принцот Хари, актерот Мареј Фрејзер.

Сцената поради која кралското семејство е најзагрижено е секс сцената, за што продуцентката на филмот Мередит Фин изјавила: „Нека се грижат. Луѓето имаат секс.“ Во филмот се појавува целото кралско семејство, па дури и принцезата Дијана.

Да се потсетиме дека кралицата Елизабета му дала благослов на својот внук да се ожени со убавата актерка, една недела откако ја прославила 70-годишнината од бракот со својот сопруг, принцот Филип. Венчавката ќе се одржи на 19 мај 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top