четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Трамп им се закани на „предавниците“ кои даваат информации на медиумите

Претседателот на САД, Доналд Трамп упати жестоко предупредување кон луѓето од неговиот тим, кои го организираат протекување на информации во медиумите.

– Така наречените протекувања на информации од Белата куќа, многу се преувеличуваат од страна на медиумите, кои пуштаат лажни вести, за да не претстават што е можно понегативно. Авторите на овие протекувања се предавници и кукавици и ние ќе ги откриеме, напиша Трамп на Твитер.

Гневот на претседателот на САД најверојатно е предизвикан од забелешките на Кели Садлер, членка на тимот за комуникации на Белата куќа, за сенатор Џон Мекејн, кој страда од рак на мозок.

На внатрешен состанок, Садлер изјави дека неговото противење на изборот на Џина Хаспел за директорка на ЦИА „не е важно, бидејќи Мекејн и онака умира”.

Неколку месеци по преземањето на функцијата, Трамп вети дека ќе ги „фати“ оние кои изнесуваат информации, и ги нарече „бандити”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top