недела, 20 мај 2018 | Вести денес: 27 ново

Ана Христовска изложува во Галерија МКЦ

Утре, 16 мај, во Галеријата на Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот, ќе се отвори изложбата на македонската уметница и галеристка, Ана Христовска, насловена „AMA E SI AMATO“ („Сакај и биди сакан“). Ќе бидат изложени 18 слики, масло на платно, кои се избор од нејзината работа последниве две години, а на специфичен начин го дефинираат поимот „убаво“.

„Ана Христовска е уметница, која зрачи со убавина во душата, физикусот, енергијата… Таа остава сликарска трага на убав момент од нејзиното постоење. Ако се обидеме да го дефинираме поимот „убаво“, кој го фаворизира Ана, добиваме комплексност од доживеани сетила, движења, боја, линија и форми. Нејзината сликарска приказна е разбирлива за оној кому му е наменета, исто како езотеричните приказни пратени од дамнешните времиња, до љубовните љубопитни, кои тежнеат да ја осознаат езотеричната убавина. Ја посочувам Ана Христовска како иден македонски пандан на големата Оља Ивањицки и сум сигурен за нејзиниот иден креативен и оригинален уметнички чин“ вели Горјан Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top