недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Туск во Брисел ќе разговора со Ципрас за спорот за името

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, попладнево ќе разговара со грчкиот премиер АлексисЦипрас околу подготовката на Самитот во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Туск и Ципрас ќе разговараат за спорот со името и напредокот во преговорите, информираат високи дипломатски извори во Брисел.

– ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но би сакала Македонија и Грција да дојдат до компромис на почетокот на јуни, за да можат лидерите на ЕУ да ја одобрат препораката на Европската Комисија за почеток на преговори дадена во април, изјави висок дипломатски извор во Европскиот Совет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top