недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Меланија Трамп направи операција на бубрег, Доналд Трамп не бил покрај неа, социјалните мрежи повторно го нападнаа

Првата дама на САД, Меланија Трамп синоќа била одведена во болница и ѝ била направена операција на бубрегот, а како што јавува Белата куќа, станува збор за бенигна состојба на бубрегот и дека добро се опоравува.

Меланија во познатата воена болница Walter Reed ќе престојува до крајот на оваа недела, а нејзиниот сопруг Доналд Трамп не бил покрај неа за време на операцијата, пренесуваат американските медиуми.

Трамп во текот на денот имал премногу зафатен распоред, а тоа што бил отсутен од итната операција на својата сопруга предизвика лавина на негативни коментари на омилената социјална мрежа, Твитер.

Но, како што јавува CNN, претседателот Доналд Трамп ѝ се јавил на Меланија пред почетокот на операцијата, а подоцна разговарал и со докторите. Во болницата се упатил после пладне, а таму поминал околу еден час.

Меланија Трамп излезе од операциона сала, еве ги деталите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top