недела, 20 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Анкара ги отповика амбасадорите од САД и Израел

Турција ги повлече амбасадорите од САД и од Израел
Официјална Анкара ги повлече своите амбасадори од САД и Израел „заради консултации“, потврди турската влада.

Турската влада денеска прогласи и тридневна жалост за над 50-те Палестинци убиени на границата Израел-Газа.

Анкара го осуди „масакрот“ на Палестинците извршен од израелските безбедносни сили, додавајќи дека нема да има регионален и глобален мир и стабилност сè додека не се постигне трајно решение за палестинското прашање.

Стотици демонстранти во понеделникот се собраа во Истанбул, извикувајќи слогани со осуда на Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top