недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 57 ново

Хоџа: Заев е Робин Худ, сакам да му помогнам

Несудениот советник на премиерот, Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа во интервју за емисијата „Стадион“ за Канал 77 изјави дека Зоран Заев бил еден вид Робин Худ за граѓаните во Македонија и дека затоа сакал да му помогне.

„Ако му помогнев со обезбедување гласови ќе му наштетев кај македонскиот електорат. Затоа се договоривме да ги помагам реформите и борбата против криминалот “, изјави Хоџа во интервјуто.

Тој Заев го посочи како „колега“ од Парламентот од 2001 година кој го замолил за помош на што тој му одговорил: Ако ме замолиш за директор или министер уморен сум, не можам да прифатам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top