среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 56 ново

Албанец со 10 килограми кокаин уапсен на аеродром во Истанбул

Истанбулската полиција, на меѓународниот аеродром „Ататурк“ уапсила албански државјанин откако во негата патна торба открила 9,7 килограми кокаин.

Албанецот со иницијали Н.К.(48) пристигнал со авионот кој долетал од Сао Паоло, Бразил.

Дрогата била завиткана со посебна хартија која оневозможува идентификација од конторлорите на аеродромот.

Во меѓувреме успешна акција во спречување обид за швец на скапа дрога имала и грчката полиција, која уапсила албанска државјанка и запленила пет килограми хероин.

При конторла во нејзиниот стан во Солун полицијата заленила и седум мобилни телефони, електрична вага и 8.365 евра. Во интерес на истрагата идентитетот на уапсената не е соопштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top