недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Поранешниот генерал Весли Кларк утре во Косово

Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, генерал Весли Карк, утре ќе го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кларк, кој во 1999 година ги предводеше силите на Алијансата во 78-дневната воздушна кампања против режимот на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, односно против српските воени и паравоени сили, ќе биде гостин на гала вечерата за собирање фондови насловена „Поддржи ја наредната приказна на успехот“.

Манифестацијата е во организација на невладиниот Рочестерски институт за технологија (РИТ), односно на Американскиот Универзитет на Косово (АУК).

Собраните средства, како што соопштија организаторите, ќе се наменат за стипендирање на талентирани и непривилегирани студенти.

Генералот Кларк се пензионира со четири ѕвезди по 38 години служба во војската на САД. Како командант на НАТО во времето на косовскиот конфлкикт, тој од косовските Албанци се смета за херој и еден од најзаслужните за ослободувањето и подоцна осамостојувањето на Косово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top