недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Мијата сними песна за сите модерни домаќинки (видео)

Македонската поп-пејчака Мијата денеска го промовираше спотот за новата песна „Домаќинска“. На спотот, заедно со Мијата се Стефанија Милевска, Ангела Здравковска и со Катерина Илиоска, кои како што кажа таа, се нејзините магични самовили кои и помагаат.

– Песната ја пишував уште од зимата. Ме инспирираа сите наши мајки, тетки и стрини кои постојано ни зборуваат што се тие направиле кога биле на наша возраст, а ние тоа не можеме да го постигнеме. Во текстот на песната зборувам за нас, модерните домаќинки и за сето она што ние го правиме и не го правиме – изјави Наташа Мијат Крстевска-Мијата, која автор на музиката и на текстот.

За песната, која таа ја опишува како ретро-кабаре, аранжманот го изработи Петар Димитровски од Битола, познат по прекарот Mark Purpose, поранешен член на групата „Фолтин“. Песната е снимена во сртудиото Welcome to Stefanija’s Music World во Битола.

– Диплиме алишта само пред празници, садови трупаме како да сме цимери, гости во најава-чистиме, ма најважно е да се сакаме – се дел од стиховите на песната.

Видеото кое самата го режираше е снимено на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, со техничка помош од Милчо Узунов од „3 Д“ студио.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top