петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 48 ново

„Водовод и канализација“ го продолжи рокот за плаќање на заостанат долг до 29 мај

ЈП „Водовод и канализација“ го продолжи рокот во кој гаѓаните може да платат заостанат долг на рати.

– Акцијата што започна на 2 април и требаше да трае до 15 мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29 мај 2018 година, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода по основ на тужени сметки и редовени сметки ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Со Јавното претпријатие наведуваат дека со оваа одлука сакаат да се излезе во пресрет на сите нивни корисници.ск

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top