недела, 20 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Најавата се реализира: Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од вечерва на полноќ ќе поскапат за 1, односно два денари, објави Регулаторната
комисија за енергетика.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, практично малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3 отсто.
Тоа значи дека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 63.00 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1,5 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 71,50 денари. Цената
на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 73,50 денари.

Новите цени ќе важат во следните две седмици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top