недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 54 ново

Лепа Брена со нож упаднала во домот на сосетката

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години живеат во својата вила во елитната белградска населба Дедиње. И додека повеќето мислат дека мегапопуларната пејачка е вообразена и повлечена, судејќи по изјавите на нејзините соседи, изгледа дека работите се поинакви…

„Имам прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, зборуваме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека сите ги сака. Одиме и ние кај неа. Си помагаме! Еднаш кога се активира алармот, таа и Виктор дотрчаа со нож. Мислеше дека некој сака да краде. Сите се супер“, за екипата на „Сцена“ открила млада девојка што живее во близина на куќата на Лепа Брена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top