петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 113 ново

Кендал Џенер “гола“ на црвениот килим во Кан

Моделот и ТВ-ѕвезда Кендал Џенер знае како да привлече внимание и практички гола се прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан, кога се појави на забавата на Шопар.
Таа не само што облече проѕирен фустан, туку под него не носеше градник, а гаќичките ѝ беа во бојата на кожа, така што фустанот повеќе откриваше, отколку што криеше. Иако покажа буквално сè, 22-годишната Џенер без проблеми им позираше на фоторепортерите. Таа дополнително ги истакна своите долги нозе носејќи чевли од Кристијан Лубутен.Кендал Џенер, полусестрата на Ким Кардашијан, минатата година ја симна Жизел Бундшен од врвот на листата на најплатени манекенки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top