сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Ина Суслина: Ја завршувам кариерата, следно е бебе (Видео)

Најискусната во редовите на Вардар, и ракометарката која беше меѓу првите при формирањето на ЖРК Вардар е секако Ина Суслина. Нејзиното искуство годините наназад беше злато вредно за екипата на Вардар кон секој пласман на Ф4 турнирите и во финалињата. Суслина по завршувањето на оваа сезона дефинитивно става крај на својата блескава кариера, а во периодот кој следува ќе се посвети на проширување на семејството.

Суслина повеќе жали за сите оние луѓе во и околу Вардар кои изминативе пет години дадоа се од себе за клубот и се заслужија да ја завршат оваа мисија со златниот медал и големиот пехар во своите раце.

24rakomet.mк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top