вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 85 ново

Османи: Почнаа подготовките за изградба на автопатот од Скопје кон ГП Блаце

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во видео обраќање ги поздрави напорите од Косово за завршување на автопатот од 55 километри што води кон граничниот премин Блаце со Република Македонија и соопшти дека се почнати подготвителните работи за проектирање и реализација и на нашиот дел од автопатот, од Скопје кон ГП Блаце во должина од 13 километри.

– Секретаријатот за европски прашања веќе обезбеди 1,3 милиони евра за проектирање и студија на теренот за реализација на нашиот дел од автопатот и техничките групи се веќе на терен. За овој стратешки проект многу се зборуваше во минатото, но поради многу причини, вклучително и политички, некако беше ставен во заборав, рече Османи.

Тој додаде дека автопатиштата се важни артерии за развој на една држава, но кога спојуваат две соседни држави стануваат „мостови на пријателство меѓу луѓето”.

Според него, минатата година на ГП Блаце поминале 2,7 милиони возила во двата правца, Македонија во Косово извезла стока во вкупна вредност од 190 милиони евра, а увезла стока од 40 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top