недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Само една земја со помалку бодови од Македонија: „Ај Кју“ биле претпоследни во полуфиналето на Евровизија

Нашите евровизиски претставници, „Ај Кју“ со песната „Lost and Found“ биле претпоследно место во првата полуфинална вечер. Зад Македонија, биле единствено претставниците на Исланд.

Според резултатите од гласовите на двете полуфинални вечери, кои се објавени на официјалната страница на Евровизија, Македонија завршила на 18–то место, од вкупно 19 натпреварувачи, со само 24 поени. Зад нас се наоѓа единствено Исланд, со 15 поени.

На истата, прва полуфинална вечер, Изреал освоил 283 поени, Кипар 262, Чешка 232, Австрија 231, Естонија 201, Ирска 179, Бугарија 177, Албанија 162, Литванија 119, Финска 108, Азербејџан 94, Белгија 91, Швајцарија 86, Грција 81, Ерменија 79, Белорусија 65, и Хрватска 63 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top