понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Градски парк стана слободна зелена паркинг зона (фото – галерија)

За време на викендот скопјани во најголем број го посетуваат Градскиот парк, особено во летните и пролетните денови кога времето е убаво. Но изминативе месеци, како никогаш до сега, може да се забележат голем број на возила паркирани на патеките за пешачење, а дел од возилата се оставени и на тревните површини.

Како што може да се види на фотографиите од денеска, најмалку дваесетина возила биле паркирани во реонот зад Луна-паркот, но и на други места во паркот каде што паркирање н е дозволено, а граѓаните сведочат дека оваа глетка не е ништо ново, туку истото се повторува неколку викенди наназад.

И на фотографиите од пред десетина дена може јасно да види како автомобили и комбиња движат по патеките кои се намементи за пешаќење во најголемиот парк во Скопје.

Како со години нешто вакво не можеше да се види во Градскиот парк, а сега за само неколку месеци станува пракса, оставаме да се запрашаат градските власти и да проценат дали можеби треба Градскиот парк да се трансформира во зелена паркинг зона.

(фото – Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top