недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Македонецот Павлов е европски првак во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал во категоријата до 60 килограми на Европското првенство во карате што се одржува во Нови Сад.  Во финалниот натпревар Павлов со 3-1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо.

Во категоријата до 60 килограми каде што имаше 33 натпреварувачи, претходно тој беше подобар од Доминик Имрач од Словачка, Јасин ел Алтар од Холандија, Ненад Дуловиќ од Црна Гора, а во полуфиналето го совлада Калвинс Калинс од Летонија.

За Павлов ова е втор златен медал на европските првенства, а досега има освоено и една бронза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top