недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Евровизија се сели во Израел (ВИДЕО)

Претставничката на Израел, Нета, е победична на Евровизија 2018.

Таа беше и најголемиот фаворит на европските кладилници за победа на 63-то издание на овој музички фестивал.

Второто место го освои Кипар, а на третото се пласираше Австрија. Во финалната вечер настапија вкупно 26 земји, додека македонските претставници „Ај Кју“ не успеаа да се пласираат во финалето.

Нета победи откако беа соберени поените од стручното жири и од телефонското гласање во сите земји. Како Македонија ги распореди поените од Скопје соопшти ланската претставничка Јана Бурческа. 12-те македонски поени завршија на контото на Естонија. На Израел, Македонија му даде само еден поен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top