четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Марија Шерифовиќ конечно во розов фустан со тантела, а поводот е… (Фото)

Марија Шерифовиќ со полна пареа се подготвува за престојниот концерт. Се е внимателно осмислено до наситен детал.

“Направив фустан со чипкаст корсет и кринолин во розе боја со многу тул. Тоа ќе биде втората кобинација од облека која ќе ја носам таа вечер, првата нека остане тајна”, рекла пеачката.

Од друга страна, открива што за време на подготовката ја мачи.

“Несоницата ме убива, но жива сум. Се обидувам со некои природни лекови да се борам со неа, и се надевам дека ќе ја победам. Мене, на мојот менаџер и потпаролката постојано ми нудат некои исцелител и одредени чудни лекови за несоница. Незнам како да се одбранам од нив, дневно ми се јавуваат по педесетина”, изјавила Марија.
Се радува што ќе ја слушаат родителите.

“Пресреќна сум што ќе ме слушат мајка ми Врица и татко ми Рајко. Сигурно ќе уживаат и нема да ги изневерам. Времето до концерт брзо ми поминува, и покрај се не чуствувам трема. Постои само онаа позитивна, која е присутна само додека не излезам на бина. Кога сум сигурна дека технички се е во ред, токаш ќе можам да згрмам”.

Show must go on 🍀

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

“Како стојат работите никој од моите колеги нема да пеат на мојот концерт, можеби и да се смени нешто, но ќе видиме. Неможам да кажам за мене ‘Арена” е предизвик, но свесна сум дека во пашање наша најголема сала и тоа беше логичен избор, вели Марија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top