недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 23 ново

Ѕвездата од култната серија: Ова е син ми, пред неколку дена си го одзеде животот

Дејвид Лабрава, ѕвезда од хит-серијата „Синови на анархијата“ на Инстаграм објави дека неговиот 16-годишен син неодамна извршил самоубиство.

Педесет и петгодишниот актер во четвртокот објави неколку фотографии со синот Тихо.

„Никогаш не ќе помислев дека ќе објавам вакво нешто. Ова е син ми Тихо. Си го одзеде животот пред неколку дена, на 16 години. Страдаше од депресија, која не знаевме да ја препознаеме, зашто беше весело момче. Комуницирајте со саканите, можеби друг знак ќе нема. Вардете ги. Јас сум скршен“, пишува Лабрава.

Актерот започна кампања GoFundMe во спомен на синот и на неговата последна желба. Момчето, кое си го одзело живтот на петти мај, изразило желба сите пари да бидат донирани на организации за помош на заболени од биполарно пораметување и депресија.

„Прекрасна душа. Тихо беше многу интелигентен, чесен и верен, сочувствителен кон пријателите. Беше полн со живот, постојано се смееше и снаеше да ги насмее другите. Тихо многу ги сакаше другарите и семјеството. Таков ќе го паметиме“, пишува Лабрава на страницата на кампањата GoFundMe FlyHighTycho, а која досега собрала повеќе од 16 илјади долари.

Лабрава, по потекло до Мајами, е механичар специјализиран за моторите „Харли Дејвидсон“, па така и добил улога во серијата која се емитуваше од 2008 до 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top