понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 5 ново

И Македонија со награда на Евровизија (ВИДЕО)

Пејачката од групата „Ај кју“ која ја претставуваше Македонија на овогодинешната Евровизија, е во трка за титулата најлошо облечена.

Иако не успеавме да се пласираме во финалето, сепак, благодарение на стајлингот на нашата претставничка, македонската делегација од Португалија можеби и нема да се врати со празни раце.

Веднаш по првото полуфинале, со нејзината креација се потсмеваше и Би-Би-Си, а критиките не престануваат ниту во пресрет на вечерашното финале.

Медиумите во регионот ја издвојуваат како фаворит за титулата најлош стајлинг, која што верните обожаватели на овој музички натпревар ја доделуваат секоја секоја година.

„Наградата“ за најлошо облечени во минатите години често завршуваше во рацете на пејачите од регионот. Во 2004 година оваа титула ја понесе Дин, претставникот на Босна и Херцеговина, во 2007 наградата заврши во рацете на тогашната атракција на Евровизија, Верка Сердучка, во 2010 кај Србинот Милан Станковиќ, кај Србија заврши и во 2013, а минатогодишната Евровизија најмногу коментари предизвика црногорскиот претставник Славко Калезиќ.

На овој ЛИНК можете да ја погледнете и видео-презентацијата која ја подготвија српските медиуми за најлошо облечените претставници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top