среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче

На 11.05.2018 година во 13:00 часот во Полициската станица Карпош, 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало.

Откако на 30.04.2018 година ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра инаку ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител.

Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот Фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top