петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 112 ново

Скопската хероина Сема Џеладини спаси петгодишно девојче од Вардар

Сема Џеладини во петокот вечерта, околу 20 часот, ризикувајќи го својот живот, не се двоумела да помогне во спасувањето на 5 годишно девојче кое паднало во надојдениот Варадр.

Како што пишува порталот Алмакос, Сема излегла на пауза, но одеднаш слушнала повици за помош:

-Во петокот вечерта излегов околу 20 часот, седев на клупа,  гледајќи го брегот на реката Вардар. Одеднаш, по 10-15 минути , слушнав извици. Ја свртев главата кон брегот. Видов девојче на  околу пет години, како ја губи контролата над својот велосипед, не можеше да закочии и падна во Вардар, раскажува Сема.

За да ја спаси својата ќерка, прва во Вардар скокнала нејзината мајка. Сема го видела тоа, но мајката не можела да излезе надвор заради брзаците на реката. Таа притрчала и влегла внатре.

Девојчето било многу исплашено, но Сема успеала некако да го фати за рака. Потоа, притрчале уште неколку мажи, кои им помогнале на сите да излезат надвор, пишува Алмакос.

Извор:Амакос

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top