среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 53 ново

“Најдобра мајка на светот” – девојче нацрта нешто што не требаше

Мајката Лаура Бороу (28) се разнежнила кога нејзината деветгодишна ќерка Руби ѝ подарила цртеж за “најдобра мајка на светот”.

Но, кога малку подобро го погледнала цртежот, таа видела нешто прилично шокантно.

Имено, покрај мајката и децата, на цртежот се наоѓале и нивните домашни миленичиња, но она што го правеле двете мачки, ја оставиле мајката без зборови.

Девојчето ги нацртало двете мачки “како си играат”, но сите кои го виделе цртежот сфатиле дека не станува збор за игра.

Руби го нацртала тоа бидејќи мајка ѝ честопати знаела да ѝ каже дека мачките си “играат” секојпат кога тие биле “во акција”.

“Смешно е како децата го доживуваат тоа. Таа има девет години и сè уште не ги сфаќа тие работи, но постариот син умираше од смеа кога виде што нацртала, а и мене ми беше прилично смешно”, раскажала Лаура.

“Овој цртеж го чуваме на посебно место. Руби секогаш црта, но никогаш не нацртала цртеж кој на сите нѝ е посебно драг”, додала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top