среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Најслатката сообраќајка на автопат: Се излеа цестерна со 12 тони чоколадо (ВИДЕО)

Во сообраќајна несреќа на автопат во јужна Полска се преврте цистерна која пренесувала 12 тони течна чоколада. Поради несреќата автопатот од Познањ до Варшава во двата правци беше затворен неколку часа, се додека коловозот не беше целосно исчистен.

Tons of liquid milk chocolate are spilled and block six lanes on a highway after a truck transporting it overturned near Slupca, in western Poland, on Wednesday, May 9, 2018. (AP Photo)

– Патот беше прекриен со чоколада во слој од пет сантиметри, кој по протекувањето веднаш почна да се лади и стврднува. Во еден момент делуваше како на патот да има огромна табла од чоколада, соопштија од полицијата.

За среќа возачот на цистерната ја повредил само раката и е префрлен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top