среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Подобро да се откаже отколку да се резили: Ѓоковиќ повторно изгуби

Српскиот тенисер и поренешен број 1, Новак Ѓоковиќ, повторно ги разочара своите фанови, откако беше елиминиран во вторто коло на мастерсот во Мадрид од Британецот Кајл Едмунд со 2:1 во сетови.

Иако одигра многу добар меч против Кеи Нишикори во претходната рунда, Ѓоковиќ денеска повторно потфрли и се виде дека се уште не е ниту блиску до она ниво кога беше убедливо најдобар тенисер на светот.

Од друга страна, Едмунд одигра доста солиден меч, но навистина ништо повеќе од тоа. Ѓоковиќ веќе на самиот старт од мечот го загуби својот сервис, но веднаш го врати, па резултатот беше 1:1. Сепак, до крајот на сетот, Едмунд направи уште два брејка и славеше со 6:3.

Ѓоковиќ се разбуди во вториот сет кога беше доста посигурен на свој сервис и на ривалот не му дозволи ниту една брејк топка. Од друга страна, имаше добар ритерн и направи два брејка што му беше доволно да слави со 6:2 и да израмни на 1:1. Сепак, кога беше најважно Ѓоковиќ разочара. Иако во претходните години можевме со сигурност да кажеме дека Ноле еден ваков меч ќе реши во своја корист, тоа очигледно е невозможно во денешно време.

Имаше српскиот тенисер две врзани брејк топки кон средината на последниот сет со кои можеше да поведе на 3:2 и да сервира, но Едмунд се извлече и подоцна му зеде сет на Ѓоковиќ и славеше со 6:3.

Британецот во следното коло ќе игра против Белгиецот Давид Гофан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top