среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Сопругата на Сефер, Сезен Бас ги објави интимните фотографии од венчавката во Истанбул (галерија)

Без љубов не може да се живее, да се функционира и да се работи. Љубовта со Лејла згасна пред неколку години, а лани одлучивме да се разделиме. Двајцата продолживме со животот и ја фокусиравме енергијата на нашите две деца. Останавме пријатели, а со семејството Рамковски сум во секојдневен контакт – беше искрен Цаноски за Фокус и додаде:

-Сезен остави се за да дојде во Македонија. И на двајцата ни се случи љубов на прв поглед, се пронајдовме двајцата во 20 милионскиот Истанбул.

Свадбената веселба се одржала на брод на Босфор и поминала во одлична атмосфера. Завчера Сефер објави фотографии од венчавката со стих од легендарниот Леонард Кохен: „Мојот нов животен сопатник, мојата Сезен, мојата сопруга“

Денес, фотографии од венчавката објави и преубавата Сезен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top