среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Свадбата беше на ниво додека не се појави овој човек на орото: Кој е овој, чиј роднина е?

Викендов бев на свадба кај мој најдобар другар. Забавата, музиката, младенците, ресторанот се беше на ниво. Разиграни млади, стари луѓе сите се потрудиле да изгледаат совршено за свадбената прослава.

Се си беше во најдобар ред додека не се појави некој си втор братучед на младоженецот кој по природа си има лошо пијанство.

Човеков на возраст околу четириесетина години уште од кај момчето си се поднапи, го заприметивме по невкусните коментари кои ги дофрлуваше. Некако таткото на другарот/младоженецот се обидуваше да го прикрие…Забавата продлжи кај невестата, музика играње и да еве го повторно ликот од нигде-никаде се појави во средина со чашката во рака и почна да игра помеѓу младите  девојки кои задно со невестата си ја нарачаа песната…Настана нервоза. Фамилијата од кај момчето почна да бара начин како да му објаснат на роднината дека неговото однесување го расипува нивното расположение наместо да се веселат тие треба да го следат него да не направи глупост.

Пратејќи ја ситуацијата пристапив кон фамилијата кои се мои добри пријатели и прашав дали човеков е дојден со некого, ми покажаа во една мала ситна, мирна, женичка дека таа му е сопруга , но не може со ништо да го сопре во неговите намери бидејќи човеков кога пие недолично се однесува…Се повлеков и со другарите се договриме да го подгледуваме одвреме-навреме да не настане некој проблем…

Така помина во мирен ред матичното и црквата си стигнавме во ресторан. Се појави човекот преслечен и видно посвеж..Но, тоа беше стартот на неговиот циркус. Откако се најави орото почнаа неговите лудории.

Сите на оро тој во средина почна да прави колут напред, назад застанува си ја раскопчува кошулата некој се смее, коментира , другите го тргаа погледот како да не е присутен….Еден од другарите пријде и го потргна од толпата на убав начин. Но, како што течеше вечерта ликот почна да прави поглеми проблеми и се закачи на една од тетките и постојано играше пред жената зад нејзе, младоженецот и невестата се изнервираа така што таткото/свекорт интервенираше, за кратко пијаниот братучед и неговата женичка си заминаа од свдбата.

Да, секој сака да пивне една, две чашки на прослава, но во одредена мера и граница каде нема да се прави циркуси, караници тепачки…Зошто да се прават скандали па и на свдбата секој да потпрашува кој е овој, чив роднина е, и да му е незгодно кога е во негова близина…На крајот ако веќе некој ви укажува дека правите проблеми и недолично се однесувате тогаш ако не можете да се воздржите од пиење не доаѓајте на свадба. Зошто да им се упропастува најбитниот и најсреќниот ден на младенците?

 

извор: skopjeinfo.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top