петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

И овчарот Иснифарис Џемаили советник во Владата на Заев

Најпознатиот овчар во Македонија Иснифарис Џемаили стана советник на премиерот за сточарство. Причината за последното проширување на кабинетот е лошиот третман кон сточниот фонд кое беше констатирано по неодамна објавените фотографии на кои се гледа дека овци и јагниња се шетаат во Центарот на Скопје, по улица Македонија, без да се обезбеди соодветен амбиент за нивно одгледување.

-Сакаме Европа да ја донесеме во Македонија, но исто таков приоритет ни е Муртино да го донесеме во Центарот на Скопје. Нашите дечиња во главниот град, особено во Центар, не знаеја што е бачило ниту имаа видено овца, доколку немаат роднини на село, изјави Зоран Заев образложувајќи ги причините за именувањето на Иснифарис Џемаили за советник за сточарство.

-Платата од 36.000 денари која ќе ја двоиме за неговата експертиза, не е ништо во споредба со тоа што го добиваме. Тоа се петнаесетина јагниња месечно, потенцираше Заев.

Инаку, Џемаили има најголемо искуство во сточарството. Тој се посочува како голем бизнисмен откако заработи мало богатство од одгледување овци. За Заев е особено важен и човечкиот елемент, вграден во максимата „едно општество за сите“ бидејќи Џемаили исто така беше една од жртвите на режимот на Груевски, а неговите овци станаа симбол како еден бизнис може да биде уништен од канџите на власта.

-Неговото „Бачило“ стана симбол на борбата за слобода и живот во Македонија, а неговите овци станаа урнек за сите наши соборци кои работеа на уривање на режимот, вели Заев.

Претседателот на Владата, Зоран Заев е воодушевен од тоа што ќе има можност да соработува со Џемаили.

– Јас и Иснифарис сме познаници од поодамна. Тој е бизнисмен и човек од кој може навистина да се учи. Верувам во искуството и од познавањето на Иснифарис и мислам дека тој многу ќе придонесе за развојот на овчарството во Република Македонија. На крајот на краиштата, Иснифарис ова не го прави да се збогати туку за да може да преживее и да има колку за едно лепче, рече Заев

Понудата на Џемаили за ова работно место не е изненадување. Сточниот фонд во државата е во криза, а стадата со овци се во постојано во опаѓање. Влада предводена од Заев и Министерството за земјоделство прават напори за да ја исправат оваа ситуација на начин што добитокот е пуштен слободно да се шета низ Скопје се со цел народот да се стимулира, но и да му се зголеми интересот за сточарство.
Ваквото засилување на кабинетот на Заев доаѓа откако претходно беше назначен Командат Хоџа поради неговите храбри подвизи за време на војната во 2001 година откако како заложници држеше цело село.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top