понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 7 ново

Од каде ви е позната Асу?

kinopoisk.ru

Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Топла и тажна приказна за една црна љубов, приказна за карасевда, незапирлива болка по големата љубов.
Мелиса Асли Памук ја гледаме како несреќно вљубена во Кемал. Таа беше мис на Турција за Мис Универзум.

Мелиса Памук е родена на 14 април 1991 г. во Харлем, Холандија. Се запишала на психологија на Универзитетот во Амстердам, но се откажала од студиите и почнала да гради кариера како модел. Зборува турски, англиски, холандски, германски и француски.
Кариерата на модел ја започнала на 14 години. Во 2011, на 20 години, ја освоила тутулата „Мис на Турција“ и ја претставвуала својата земја на Мис Универзум истата година во Бразил, но за жал не се пласирала високо.

Мелиса е висока 1.76 м, тежи 58 кг.

Пред да започне со актерска кариера снимала реклами за телефони. Од 2004 година се појавува во еписоздни улоги во повеќе филмови од турска или холандска продкукција, но најзабележителна ѝ е улогата на Асу во „Карасевда“.

#haarlem

A post shared by Melisa Aslı Pamuk (@melisapamuk) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top