среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 56 ново

Прасето Пепа е забрането

Кинеската интернет платформа „Даујин“ го тргна британскиот цртан филм „Прасето Пепа“ затоа што на кинеските социјални мрежи била прифатена како симбол од страна на критичари на кинескиот режим.

Ироничната идеја на кинески коментатори да се тетовираат со ликот на Пепа и тоа да го промовираат како божем гангстерски изглед неодамна доби на замав. Како реакција, над 30.000 видеа со „Прасето Пепа“ се отстранети од видео платформата, а забранета е и ознаката #PeppaPig. Цртаната серија на „Би-би-си“ во Кина се прикажува од средината на минатата декада.

Ова не е првпат кинеските социјални мрежи да земат лик од цртан филм и да го користат за критика на властите. Во 2013 година, на сличен начин беше избришано мечето Вини Пу, откако фотографија на полничкиот кинески претседател Кси Џинпинг како чекори покрај високиот и слабиот Барак Обама беше споредена со снимка на Вини Пу покрај високиот Тигер.

Покрај Пепа, тргнати се и содржини каде што мажи се облекуваат како жени, експлицитна голотија и еротски материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top