понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 7 ново

Бред Пит снима филм за злоставувачот на Анџелина и Гвинет

План Б, продуцентската куќа на Бред Пит и Анапурн пикчрс на големите екрани ја донесуваат приказната за холивудскиот предатор и пропаднат продуцент Харви Вајнстин.

Се работи за адаптација на истрага на две новинарки на Њујорк тајмс, кои ги обелодениле обвинувањата на многу жени за сексуалното злоставувањешто го вршел еден од најмоќните луѓе на Холивуд.

Двете продукциски куќи ги откупиле правата на приказната на њујоршкиот весник во која ќе изнесат на кој начин новнарките Џоди Кантор и Меган Тухеј и нивната уредничка Ребека Кобет истрајале во изнесувањето на вистината и покрај бројните пречки и понижувањата што ги доживеале.

Нивната истрага покрена лавина исповеди во кои многу жени страдале од моќни мажи во Холивуд.

Филмот нема да се фокусира на жртвите на Вајнстајн, туку на работата на двете новинарки, на процесот на сексуално злоставување, т.е. на лажните ветувања на Вајнстајн, но и на наведнатата глава на новинарите кои обивале да пишуваат за тоа.

Новинарките Кантор и Тухеј и нивниот колега Ронан Фароу, кои ја објавија афетата, наградени се со Пулицерова награда.

Интересно е дека на листата злоставувани се и поранешната свершеничка на Бред Пит, Гвинет Палтроу и поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top