сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Го оставиле синот кај дадилката, наутро кога дошле по него го пронашле мртов

Во саботата наутро татко го пронашол телото на своето мртво дете во када. Детето било задавено, а веројатно веќе било мртво кога го ставиле во када, пишува германски „Билд“. Го чувала жената која за тоа била задолжена последните пет години.

Родителите во текот на ноќта го оставиле на чување кај дадилката Елизабет С. во германскиот град Хајлборн. Следното утро својот седумгодишен син го пронашле мртов. Детето требало да преноќи кај 69 годишна семејна познаничка.

Кога родителите дошле да си го земат синот никој не им ја отворал вратата. Таа ја отклучил соседот. На родителите не им е јасно што се случило, бидејќи жената каде преноќило бебето ја знаат веќе долго време. Секогаш била љубезна, а нивниот син го чувала повремено во последните пет години, а детето пак сакало да седи кај неа.

Елизабет С. исчезнала и дури во саботата вечерта се вратила дома. Сосетка видела дека вдовицата се вратила се вратила дома и ја повикала полицијата. Жената е уапсена, полицијата вели дека истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top