среда, 22 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Пред 1 Мај: Совети за добра скара со Џејми Оливер (Видео)

Подготвувањето на месо на скара бара големо ниво на вештина, а совладувањето на оваа „уметност“ ќе го зацементира вашиот култен статус како врвен готвач во очите на вашите пријатели.

Метеоролозите предвидуваат дека утре времето ќе биде сончево и топло, па затоа нема потреба да го менувате планот и можете да почнете со подготовки за правење скара на отворено. Поради тоа, одлучивме со вас да споделиме неколку од најпознатите совети за правење скара на Џејми Оливер, еден од најдобрите готвачи во светот.

Одберете ја вистинската скара

Можеби звучи премногу очигледно, но изборот на скара може навистина да ја направи разликата помеѓу добро и лошо приготвено месо. Има само два услови кои скарата треба да ги исполнува: да биде на јаглен и да има капак. Ако сакате месото да го задржи вкусот, не користете скара на плин и секогаш покривајте го капакот за месото да го впие мирисот од готвењето.

Јаглен

Кога ќе ја распалувате скарата, обезбедете доволно јаглен. Но, потрудете се тоа да е оној вистинскиот јаглен кој изгледа како изгорено дрво, бидејќи тој ќе му даде најдобар вкус на месото. Не користете било какви замени за јаглен, освен ако не се работи за вистинско дрво. Уште една напомена дека доколку користите сирово дрво, тогаш проверете дали има смола на него. Ако има, не го фрлајте во скарата.

Почекајте го вистинскиот момент

За да почнете со печење на месото на скара, треба да го погодите вистинскиот момент. Најлесно е да се објасни вака: почнете да готвите кога парчињата јаглен ќе бидат сиви и ќе почнат да отсјајуваат. Така ќе знаете дека е правиот момент.

кајгана.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top