петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 8 ново

Гонзалес: Горд сум на моите играчи и на нашите навивачи

Раул Гонзалес призна дека не било лесно да се „извлече“ пласман меѓу европската ракометна елита, откако Вардар убаво се испоти за да се пласира на Ф4 во Келн во тешкиот двобој со Кил.
Минималниот пораз од 27:28 ги носи „црвено-црните“ на Ф4, откако во гостинскиот меч Вардар стигна до, како што се покажа, клучна 29:28 победа.
-Мораме да им честитаме на Кил за добриот натпревар, додека ние не започавме како што планиравме, имавме доста проблеми, посебно во првото полувреме. Имавме постојана предност, но признавам, имаше и голем притисок. Голема благодарност до нашите навивачи, но и до мојот тим на кој сум навистина горд. Сега не очекува нов Ф4, каде што ниту еден меч нема да биде лесен и со верба одиме во Германија – изјави
Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top